Како да затворите скок-поле

Скок-полињата (Pop ups) се мали панели што се појавуват или „скокаат“ (pop up) на вашиот екран. Понекогаш тие се корисни, бидејќи може да ги активира компјутерот или може да ги праќа веб-локација од која се обидувате да преземете нешто.

Често скок-полињата се само реклами или барања за да се пријавите за нешто. Но, некои полиња се измами (scams) и треба да бидете внимателни кога кликнувате на нив.

Како правило, треба да комуницирате со скок-поле само ако имате доверба во веб-страницата (only interact with a pop up if you trust the website) од која доаѓа. Ако не го препознавате скок-полето, најдобро е да го затворите.

Како можеме да ги затвориме скок-полињата?

Повеќето скок-полиња имаат мал знак x во горниот десен агол. Го нарекуваме овој мал знак x копче за затворање (close). Користете го глувчето за да кликнете со левото копче и да го затворите скок-полето.

Еве неколку примери за позицијата на копчето за затворање (close):

скок-порака на компјутер со нагласен мал знак x

Вистински скок-прозорци што можеби сакаме да ги прочитаме и да кликнеме на нив

Подолу ќе видите неколку примери за скок-прозорци што се оригинални и од угледни компании. Повеќето од нив се од програми што веќе се инсталирани на вашиот компјутер. Често, тие се потсетници за ажурирање или надградба на самата програма, или одговор на нешто што сте побарале компјутерот да го направи.

1. Скок-прозорец од инсталирана програма на нашиот компјутер

Како знаеме дека е е вистински?

  • Ако на нашиот компјутер сме инсталирале противвирусен софтвер (во нашиот пример софтверот Norton), одвреме-навреме треба да очекувате скок-прозорци за надградба итн.
  • Скок-прозорецот има точно лого и име на бренд, и што е поважно, тоа е име на бренд во кое имаме доверба бидејќи веќе сме купиле производи од тој бренд.
  • Во скок-прозорецот нема правописни или граматички грешки.
Скок-порака од противвирусниот софтвер Norton

2. Скок-прозорец од вашиот компјутер

Како знаеме дека е вистински?

  • Во моментот се обидуваме да преземеме нешто од нашата е-пошта, па знаеме дека некое дејство што сме го извршиле предизвикало да се појави овој скок-прозорец.
  • Можеме да видиме јасна врска помеѓу она што го правиме на компјутерот и пораката во скок-прозорецот.
Скок-порака од Windows

3. Скок-порака од Windows

Како знаеме дека е вистинска?

  • Можеме да го видиме точното лого и име на бренд на Microsoft во долниот лев агол.
  • На нашиот компјутер веќе користиме производи на Microsoft.
  • Microsoft е компанија во која имаме доверба.
  • Правописот и граматиката се точни.
Сомнителна предупредувачка скок-порака

Скок-прозорци со реклами или пораки за измама што не треба да ги читаме или да кликнуваме на нив

Еве неколку примери за скок-прозорци што е поверојатно дека се пораки за измама или вируси. Тие вообичаено се појавуваат додека прегледувате на интернет и не треба да имате доверба во нив. Секогаш е најдобро да ги затворате овие скок-прозорци внимателно. Запомнете, кога не сте сигурни, затворете го скок-прозорецот (Remember, if in doubt, close the pop up).

1. Скок-прозорец за лажен противвирусен софтвер

Како знаеме дека е лажен?

  • Нема име на компанија или лого.
  • Не препознаваме дали скок-прозорецот доаѓа од угледна компанија.
  • Текстот има правописни и граматички грешки.
Уште една сомнителна или лажна скок-порака

2. Уште еден скок-прозорец за лажен противвирусен софтвер

Како знаеме дека е лажен?

  • Нема име на компанија, и што е поважно, нема име на компанија во која имаме доверба.
  • Постојат граматички и правописни грешки.
Уште една сомнителна или лажна скок-порака

3. Лажна рекламна скок-порака

Како знаеме дека е лажна?

  • Ова е малку сложено, бидејќи можеме да ги видиме логоата на двата брендови во кои имаме доверба, Edge и Microsoft, но компанијате тврди дека се нарекува AdwCleaner.
  • Ова е исто така тешко да се утврди, бидејќи граматиката и правописот се точни.
  • Не ја знаеме компанијата што се нарекува AdwCleaner, но не сме сигурни дали скок-прозорецот е лажен, па ги внесовме зборовите AdwCleaner во пребарување на интернет и откривме дека не се работи за вистинска компанија.
Лажна скок-порака

4. Скок-прозорец за натпревар

Како знаеме дека е лажен?

  • Нема угледна компанија или лого.
  • Ако изгледа премногу добро за да биде вистинит, тогаш е најверојатно дека е лажен и измама.

Бидете внимателни со оваа лажна скок-порака. Постои копче што вели Откажи (cancel), но не треба да кликнете на него. Треба да кликнувате само на копчето „x“ за затворање (close button).

„Премногу добра за да биде вистинска“ порака

Вообичаени лажни скок-прозорци за измама

Она што го нарекуваме лажен (fake) скок-прозорец се реклами или измами. Скок-прозорците се пораки за измама со следните својства:

  • реклами што ветуваат бришење на вируси или шпионски софтвер, заштита на приватност, подобрување на работата на компјутерот, отстранување на штетни датотеки (delete viruses or spyware, protect privacy, improve computer function, remove harmful files) или чистење на регистарот (clean your registry). Исто така, случајни скок-прозорци што ве известуваат дека сте освоиле награда или пари, за жал се пораки за измама.
  • може да добиете покана да преземете бесплатен софтвер за безбедносно скенирање или за подобрување на системот.
  • може да видите скок-прозорци што тврдат дека вашиот софтвер за безбедност не е ажуриран и дека компјутерот ви се наоѓа во директна опасност.
  • може неочекувано да наидете на непозната веб-страница што тврди дека мора да извршите безбедносно скенирање и ве поттикнува да преземете нов софтвер.

Ваквите скок-прозорци се лажни и не треба да кликнувате на ништо во нив (you should not click on anything inside them).

Како да ги забележите лажните скок-прозорци?

  • Барајте очигледни знаци на измама, како неправилен правопис, непрофесионални слики или грешна граматика.
  • Погледнете го името на компанијата во скок-прозорецот. Ако не го препознавате како доверлива веб-страница, тогаш најверојатно се работи за лажна.
  • Ако некој скок-прозорец е наречен Antivirus 2022, но противвирусниот софтвер што го имате на вашиот компјутер е наречен Norton или MacAfee, тогаш скок-прозорец е измама или реклама.
  • Барајте лого и име на угледна компанија.

Запомнете дека треба да имате доверба само во вашиот противвирусен софтвер кога добивате известувања за ажурирање на вашиот компјутер.

Исто така, можете да го пребарате на интернет името на скок-прозорецот за да добиете повеќе информации.

Врвен совет: Понекогаш копчето Затвори (close) што е претставено со малиот знак x во горниот десен агол на скок-прозорецот не се гледа лесно, но би требало да се наоѓа таму, па затоа погледнете повнимателно.

Како да затворите скок-прозорец без x

Некои скок-прозорци немаат знак x или копче за затворање.

За да затворите скок-прозорец без знак x, кликнете каде било на компјутерскиот екран, но не во скок-прозорецот.

Ако не успеете да го затворите, пробајте го следниот чекор.

Пример за скок-прозорец без знак x за затворање

Ако не сте сигурни што треба да направите со скок-прозорец на вев-страница, едноставно затворете ја веб-страницата. За да го направите тоа, преместете го покажувачот на глувчето во картичката на страницата во горниот дел на страницата и кликнете на знакот x.

Горниот дел на веб-страницата, познат и како картичка, и малиот знак x што го затвора